Средбата Зеленски-Трамп се претвори во кавга и „добра телевизиска програма“

Долгоочекуваната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот Володимир Зеленски во Белата куќа, која се сметаше за чекор кон мир, заврши во петокот со отворена расправија меѓу двајцата челници, откажано потпишување на договорот за минерали и „добра телевизиска програма“.

Дека средбата меѓу двајцата челници ќе заврши со извици натпревари веќе можеше да се види по пристигнувањето на Зеленски во Белата куќа, кога Трамп, веројатно саркастично, им забележа на новинарите дека неговиот украински колега „убаво се дотерал“.

Претседателите на двете земји во Белата куќа требаше да потпишат договор за минерали од ретки земји, што требаше да биде чекор кон договорот меѓу Москва и Вашингтон и крај на војната во Украина која однесе стотици илјади животи. Разговорот започна пријателски, но се разгореа искри уште пред состанокот зад затворени врати и прес-конференцијата што требаше да следи.

Трамп, придружуван од потпретседателот ЏејДи Венс, го предупреди Зеленски во Овалната соба дека си игра со милиони животи и со можноста за „Трета светска војна“.

Републиканецот рече дека Украинецот е „полн со омраза“ кон рускиот претседател Владимир Путин и дека „картите не се во негови раце“, бидејќи Украина ја губи војната.

Зеленски го повика Трамп „да не прави компромиси со убиец“, мислејќи на рускиот лидер. Украинскиот претседател рече и дека Европа „навистина ѝ помогнала“ на Украина и дека „навистина дала многу“.

„Но, многу помалку од нас“, одговори Трамп, што Зеленски веднаш се обиде да го демантира.

Венс го нападна Зеленски дека е неблагодарен и непочитуван што дошол да се расправа во Овалната соба и што не кажал „благодарам“ ниту еднаш на средбата, иако Украинецот тоа го направил неколку пати.

Американскиот потпретседател и Зеленски се судрија откако Венс рече дека САД се занимаваат со дипломатија, а Зеленски одговори дека Русија не е позната по тоа што ги почитува договорите, па „за каква дипломатија зборува?

Зеленски притоа заборави дека Киев не ги испочитува договорите од Минск, од кои вториот самито го потпиша, за што отворено како измама кон Москва за да доние време Украина да се вооружи сведочеа поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и тогашниот француски претседател Франсоа Оланд, исто така, потписници на преговорите со кои на одметнатите доминантно руски региони во Донбас требаше да им гарантира широка автономија во рамките на Украина и да бидат почитувани нивните укинати национални права.

„Зборувам за дипломатија што ќе ја спаси вашата уништена земја“, му рече Венс, а потоа му предочи падна дека Киев има проблеми со регрутирањето војници, затоа што Зеленски води странски лидери на „пропагандни турнеи“ низ Украина и дека присуствувал на политички митинг на демократите пред претседателските избори во САД.

Зеленски, инаку, одби да му ги даде пред изборите во 2020 година документите за вмешаноста на синот на Џо Бајден во корупцискиот скандал во енергетската компанија во Украина и влијанието во смената тогашниот јавен обвинител во Киев кој ја истражувал таа корупција од страна на претходикот на Зеленски, Петро Порошенко.

На состанокот во Овалната соба, американскиот претседател Доналд Трамп му рече на украинскиот лидер Володимир Зеленски: „Вашата земја е во голема неволја“. „Знам, знам“, одговори Зеленски.

Зеленски се обиде да одговори, но Трамп замавна со рацете и рече: „Не, не, доволно зборуваше“.

Трамп потоа изјави: „Нема да го победите ова. Имате проклето добри шанси да излезете во ред благодарение на нас“.

Трамп додаде: „Ви дадовме, преку овој глупав претседател (мисли на Џо Бајден), 350 милијарди долари, ви дадовме воена опрема… ако ја немавте нашата воена опрема, оваа војна ќе завршеше за две седмиц.“

Зеленски одговори: „За три дена, го слушнав тоа од Путин“. „Ќе биде многу тешко да се води ваков договор. Мислам дека е многу добро американскиот народ да види што се случува“, рече Трамп и додаде: „Затоа го држев ова толку долго“.

Тој повтори дека Зеленски „мора да биде благодарен“. Зеленски одговори: „Многу сум благодарен“. Трамп го крена гласот и додаде: „Луѓето умираат, ви снема војници“. Зеленски тивко одговори: „Знам“

„Ова ќе биде добра телевизија“, заклучи Трамп.

Американскиот претседател претходно, пред состанокот да се претоври во надвикување, го претстави договорот за украинските минерали како исклучително полезен за САД и нивната индустрија бидејќи има „многу нафта и гас“, но не и оние многу зборувани ретки метали што можат да се користат во технологии како што се вештачката интелигенција и во војската, за кои се покажува дека се предимензионирани податоците за резервите со кои Украина располага.

По средбата во Овалната соба, украинскиот претседател ненадејно ја напушти Белата куќа. Официјален претставник на Белата куќа, исто така, објави дека прес-конференцијата, на која требаше да се потпише договорот за минерали од ретки земји, е откажана.

Трамп подоцна во објава на својата социјална мрежа напиша дека Зеленски „не е подготвен за мир“ и дека не покажал почит кон Соединетите држави. „Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“, заклучи тој.

Зеленски се обрати преку платформа Х откако си замина порано од предвиденото. „Благодарам на американскиот претседател, му благодарам на Конгресот и благодарам на американскиот народ. На Украина ѝ треба праведен и траен мир и токму на тоа работиме“.

Европските сојузници го поддржуваат Зеленски

Францускиот претседател Емануел Макрон по кавгата во Овалната соба објави дека има „агресор – Русија“ и нападната нација – Украина. Францускиот претседател, кој и самиот беше гостин на Овалната соба претходно оваа седмица, повика на почит кон „оние кои се борат од почетокот“.

„Мислам дека бевме во право што ѝ помогнавме на Украина и ја санкционираме Русија три години, и продолжуваме да го правиме тоа“, додаде Макрон, заборавајќи дека Западот воведе санкции против Русија уште пред насилниот преврат во Киев во март 2014 година, кога доминантно мнозинските Руси на Крим со референдуми ја вратија автономијата укината со осамостојувањето на Украина во 1990-те и враќање во Русија од чија територија црноморскиот полуостров и изваден во 1956 година.

Германскиот министер за надворешни работи рече дека „Германија и нашите европски сојузници стојат со Украина и против руската агресија“ и дека Украина „може да смета на поддршката од Германија, Европа и пошироко“.

Доналд Туск, премиерот на Полска, која претседава со Европската унија во првата половина на 2025 година, им порача на Зеленски и на неговите сонародници дека „не се сами“.

И шпанскиот премиер Педро Санчез ја поддржа Украина на Х, пишувајќи дека „Шпанија е со неа“.

Реакции од Москва

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека американскиот претседател и потпретседател покажале „воздржаност“ во лицето на „гадот“ Зеленски за време на нивниот вербален судир во Белата куќа.

„Мислам дека најголемата лага на Зеленски, меѓу сите негови лаги, е неговата изјава во Белата куќа дека режимот во Киев бил сам во 2022 година, без поддршка. Начинот на кој Трамп и Венс се воздржаа и не му удрија шлаканица на овој гад покажува неверојатна воздржаност“, напиша Захарова на Telegram.

Поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев, пак, рече дека Зеленски добил „жестока шлаканица“ од Трамп во Белата куќа.

Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност и лидер на владејачката партија Единствена Русија, реагираше: „Жесток ќотек во Овалната соба“, напиша Медведев, коментирајќи ја средбата на Зеленски со Трамп на неговиот канал на Телеграм, пренесоа руските медиуми.

Поранешниот претседател на Русија изјави дека американската воена помош за Украина сега мора да престане.