Трамп вели дека Зеленски не изгледал како да сака мир

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за продолжување на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш по нивната тензична дискусија во Белата куќа, велејќи дека се чини дека Зеленски дека не сака мир.

„Па, тој вели дека го сака тоа сега. Сака веднаш да се врати, но јас не можам да го направам тоа“, рече Трамп за време на неговото прво појавување во јавноста по конфликтот во петокот, велејќи дека украинскиот лидер прво мора да каже дека сака мир.

Спорот, кој заврши со замолување украинската делегација да ја напушти Белата куќа, резултираше со непотпишување на планираниот договор за минерали меѓу државите, со кој Трамп имаше намера да го обезбеди повратот на големата американска помош за Киев, особено по почетокот на руската инвазија од февруари 2022 година.

Трамп во петокот им рече на новинарите дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не изгледал како човек кој сака мир, објави Reuters.