
Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс забележаа нова победа во НБА лигата откако синоќа во градското дерби на ЛА славеа на домашен терен против Клиперс со 106-102.
Двоецот Лука Дончиќ/Леброн Џејмс одигра нов неверојатен натпревар. Словенецот заврши со 31 поен, надополнет со по пет асистенции и два скока, додека Леброн Џејмс постигна 28 поени надополнети со 13 скока и три асистенции. Кај поразените Ивица Зубац заврши со 27 поени.
Никола Јокиќ продолжува со одличните партии сезонава. Србинот го водеше својот Денвер нагетс до триумф на гостувањето кај Детроит пистонс од 119-134 со нов трипл-дабл учинок од 23 поени, 17 скока и 15 асистенции. Кај поразените Малик Бизли постигна 16 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Бруклин – Портланд 102-121, Бостон – Кливленд 116-123, Атланта – Оклахома 119-135, Мемфис – Њујорк 113-114, Чикаго – Торонто 125-115, Мајами – Индијана 125-120, Феникс – Њу Орлеанс 125-108 и Јута – Минесота 117-116.