Келог бил против средбата на Трамп со Зеленски во Белата куќа

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија и Украина, генералот Кит Келог се противел на состанокот со украинскиот претседател Володомир Зеленски во Белата куќа, сметајќи дека нивниот однос прво треба да биде зацврстен.

Шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, инсистирал на потпишување на договорот за минералните ресурси во Белата куќа, иако советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, предложил тоа да се направи на состанокот во Киев, пишува весникот The New York Post, повикувајќи се на американски функционер.

Преговорите со Келог и Зеленски се одржаа на 20 февруари во главниот град на Украина. Тие, исто така, разговараа за договорот за метали од ретки земји. Подоцна, телевизиската мрежа ABC News појасни дека Киев го ажурира договорот за ресурсите, чија претходна верзија Украина одби да ја потпише.

„Келог го повика (…) Зеленски да потпише (…) договор за правата на минералите со Вашингтон за време на посетата на пратеникот на Киев минатата недела“, се вели во објавата.

Според изворот на весникот, Јермак инсистирал Зеленски да го потпише документот заедно со Трамп во Овалната соба. Келог, инаку, бил подготвен да замине и да ја напушти Украина без договор што би можел да му биде претставен на Трамп.

Како што пишува NYP, кабинетот на Зеленски буквално го променил курсот во последен момент и ги доставил документите до возот во кој се качувал советникот на специјалниот пратеник на претедателот на САД.

Телевизијата CNN, исто така, извести дека тимот на Зеленски инсистирал на средбата во Белата куќа и покрај советот на Келог. Од своја страна, Келог изјави дека Зеленски на состанокот постапил „на најлош можен начин, оддавајќи впечаток дека е непопустлив“.

„Тоа не мина добро, а сите во просторијата се почувствуваа навредени. Сега Зеленски самиот мора да најде начин како да ја поправи оваа ситуација, ние не може да му помогнеме“ изјави Келог.

Средбата меѓу Трамп и Зеленски, на која присуствуваше и потпретседателот ЏејДи Венс мина во напната атмосфера и вербални препирки, за на крајот тимот на Зеленски да биде повикан да ја напушти Белата куќа без да одржи прес-конференција и без да биде постигнат договорот за ретките минерали во замена за конитнуираната американска помош и безбедносни гаранции, што беше наведено како примарната причина за средбата во Вашингтон,.

Скандалозниот разговор пред телевизиските камери и новинарите во Овалната соба стана вирална и најкоментиран настан на социјалните мрежи. Трамп на својата мрежа објави дека Зеленски „покажал непочитување кон САД во Белата куќа“ и дека „не изгледал како човек кој сака мир“. Европската унија и Велика Британија му порачаа на Зеленски дека и натаму ќе ја поддржуваат Украина, доколку поради инцидентот и обвинувањата од Вашингтон биде ускратена натамошната американска помош.