При претреси во Велес и Кавадарци пронајдена е дрога

Од МВР информираат дека вчера рано наутро во 07.50 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода А.Д.(47) од Велес. При извршен претрес во неговиот дом во Велес, по претходно издадена судска наредба, била пронајдена и одземена кафена прашкаста материја. А.Д. бил задржан во полициска станица, а потоа, по наредба од јавен обвинител, спроведен во Основното јавно обвинителство Велес.

По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, А.Д. бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје.

Вчера во 13.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци. При извршен претрес во неговиот дом во Кавадарци, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, 21 семки од растителна материја, дигитална вага и дробилка.

Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.