ВИДЕО| Русија тврди дека уништила десетици странски инструктори во Украина

Руските сили елиминираа до 150 борци на украинските вооружени сили, вклучително и до 30 странски инструктори, на полигон во областа Днепропетровск, соопшти во саботата руското Министерство за одбрана.

Според информациите од Москва, кои не можат да се проверат од независни извори, екипаж на ракетниот систем „Искандер-М“ извршил напад врз воениот полигон Новомосковск во регионот Дњепропетровск, каде што според разузнавачките информации војниците на 157-та механизирана бригада на украинските вооружени сили биле на обука.

Министерството притоа наведува дека „како одговор на нападите на украинските вооружени сили врз цивилни објекти, руските трупи редовно напаѓаат локации на персонал, опрема и платеници, како и на украинската инфраструктура: енергетски објекти, одбранбена индустрија, воено команди и комуникации“. Притоа се истакнува дека армијата не изведува ударо врз станбени згради и општествени институции во кои нема распоредено противнички војски.

Претходно во саботата руски и украински блогери објавија за руски напад со беспилотни летала врз претпријатие во регионот на црноморскиот пристанишен град Одеса. По ударот пожарот зафатил еднокатна приватна куќа и неколку камиони и автомобили. Украинските власти соопштија дека во нападот едно лице загинало, а три други се ранети. Руското Министерство за одбрана сѐ уште не ја коментираше оваа информација.

Претходно, телеграмскиот канал Mash објави дека украинската војска се обидела да ја нападне нуклеарната централа Калинин во регионот Твер користејќи беспилотни летала на млазен погон. Според каналот, сите беспилотни летала биле соборени од руски системи за противвоздушна одбрана. Руското Министерство за одбрана, исто така, не ја коментираше оваа информација.