Претрес во Тетово, пронајдена марихуана

По извршен претрес во Тетово полицијата проншала дрога кај едно лице.

На 01.03.2025 околу 21 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на Ф.И.(31) од Тетово.

Како што соопшти МВР, при претресот биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана.

Ф.И. бил лишен од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок.