Минимална плата од 500 евра за спас на стандардот на работниците, вели Шукова

Економските индикатори и факти за животот во Македонија зборуваат јасно – животниот стандард на граѓаните е во постојан пад, додека Владата не презема никакви конкретни мерки за да ја подобри економската состојба. Не само што не презема ништо, туку и не прифаќа ништо понудено до СДСМ, а тоа се докажани мерки за намалување на трошоците за живот, вели потрпеседеателката на СДСМ Каја Шукова.

– Откако пропаднаа сите кошнички, новогодишни и неновогодишни, јасно е дека Владата нема стратегија за спречување на расотот на цените. Прашање е дали воопшто и сака. Последна шанса да покаже минимум почит кон граѓаните е Владата итно да интервенира со платите. СДСМ бара и поддржува покачување на минималната плата на 500 евра бидејќи ова ќе поттикне раст на сите плати. Оваа стратегија која СДСМ доследно ја спроведуваше додека беше на власт даваше резултати. Благодарение на овој пристап, со СДСМ беа потребни само две минимални плати да се покрие потрошувачката кошничка, а денес со ДПМНЕ се потребни три. Ако минималната плата не се зголеми на 500 евра, тоа ќе значи дополнително влошување на животот за илјадници семејства, кои веќе едвај врзуваат крај со крај, рече Шукова.