Нова револуција во фудбалот – се вовдува зелен картон

Вчера во Белфаст се состана Комитетот за закони на Меѓународниот фудбалски одбор (IFAB) и на 139-та седница на собранието донесе нови револуционерни промени.

Најзначајната промена се однесува на ограничувањето на времето кое голманите го имаат со топката во свои раце при посед.

Иако на хартија беше наведено дека голманот смее шест секунди да ја држи топката во раце, тоа не е спроведено во пракса, а сега ќе биде поинаку. Времето е зголемено на осум секунди, а судијата јавно ќе одбројува, а екипите кои ќе го прекршат правилото ќе бидат казнети со корнер за противникот.

IFAB, исто така, доби предлог од ФИФА со цел да се подобри ВАР со намалување на времето потребно за разгледување на спорните случаи, а на следниот состанок на IFAB ќе размислат за воведување уште една помош за судењето на натпреварите да биде што е можно пофер.

Имено, ќе се размислува за воведување на фудбалска видео поддршка (FVS), систем дизајниран да биде поевтин и попристапен за националните фудбалски сојузи кои сè уште не можат да го имплементираат ВАР.

FVS беше тестиран на Светското првенство за жени до 17 и до 20 години, а во него се вклучени тренери кои веруваат дека судијата донел погрешна одлука, покажувајќи на четвртиот судија зелен картон и на тој начин барајќи преглед на снимката.

Секој тренер ќе може да го искористи зелениот картон најмногу два пати по натпревар.