
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел неколкупати патувал во Швајцарија за да преговара за продолжување на гасоводот Северен тек, пишува германскиот таблоид Bild, повикувајќи се на свои информации.
„Главниот прeтставник оствари неколку неофицијални патувања во Швајцарија, на разговори за зделката“, пишува германскиот весник.
Седиштето на конзорциумот „Nord Stream“ е во швајцарискиот град Цуг, а неговите членови се рускиот производител на гас „Газпром“, со удел од 51 отсто, како и германските енергетски компании „Wintershall Dea“ и E.ON, француската „Engie“ и холандската „Gasunie“.
Според Bild, договорот претпоставува дека Американците ќе дејствуваат како посредници во снабдувањето со руски гас преку Северен тек 2. Во исто време се планира обновување и обнова на гасоводот Северен тек со цел да се транспортира зелен водород од Финска до Германија.
Во написот се наведува дека американската влада нема да биде директно вклучена во договорот.
Германските владини кругови изјавијле за таблоидот дека не знаат ништо за средбите на Гренел во Швајцарија. Самиот специјален пратеник на Белата куќа не го потврдил своето учество во преговорите.
Претходно во неделата Financial Times објави, повикувајќи се на свои извори, дека директорот на операторот на гасоводот Северен тек 2, компанијата „Nord Stream 2 AG“, Матијас Варниг, има намера да го обнови гасоводот со поддршка на американските инвеститори и планира за тоа да разговара со тимот на Доналд Трамп. Се вели дека еден од конзорциумите предводени од САД веќе подготвил план за договор со руски „Газпром“ кој би можел да биде склучен по укинувањето на санкциите против Русија.
Во исто време, самиот Варниг изјави за Financial Times дека не учествува во дискусии со американски политичари и деловни претставници и дека се придржува до ограничувањата наметнати од државите.
Ланскиот ноември Кремљ изјави дека гасоводот Северен тек 2 може да започне со работа веднаш, а „Газпром“ не посочи дека планира да го продаде на САД, одговарајќи на медиумските извештаи дека американски инвеститор побарал дозвола од Вашингтон за потенцијално купување.
Имено, непосредно по завршувањето на американските претседателски избори на кои победи Доналд Трамп, The Wall Street Journal објави дека инвеститорот Стивен Линч побарал дозвола од Вашингтон да учествува на евентуална аукција на гасоводот во стечајната постапка на конзорциумот „Nord Stream“ во Швајцарија.
Кантоналниот суд во швајцарски Цуг на крајот на јуни 2024 година по третпат го одложи стечајот на конзорциумот, за уште шест месеци до крајот на годината. Доколку работењето не биде рехабилитирано, судот „автоматски“ ќе прогласи стечај.
Конзорциумот „Nord Stream“ ги поседува гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 составен од вкупно четири цевководи испорачуваше евтин руски гас во Германија од 2011 и 2012 година, соодветно, со вкупен транспортен капацитет од 50 милијарди кубни метри гас годишно.
Гасоводот Северен тек 2 требаше да ги удвои испораките и беше завршен кон крајот на 2021 година. Германските власти постојано го одложуваа издавањето дозволи за почеток на работа, а проектот беше ставен во мирување откако руските војници влегоа во Украина, а во септември 2022 година двата гасовода беа кренати во воздух во очигледен терористички акт со државна поддршка.