„Добредојде премиере Христијан Мицкоски“ – Орбан го однесе Мицкоски во ресторан стар 125 години – „Мама Кели“

Синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан, на социјалните мрежи му посака добредојде на македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Орбан објави фотографија пред еден од најпознатите унгарски ресторани „Мама Кели“, каде се сервира исклучиво традиционална храна, во традиционален амбиент.

„Добредојде, премиере Христијан Мицкоски, во Будимпешта! Утре наутро започнува унгарско-македонскиот владин самит. Нема подобро место за подготовка од кај Мама Кели. Напред со срце!“, напиша Орбан.