Во Собранието да ги мериме зборовите и не е лошо човек да се извини, порача Сиљановска

Во Собранието треба да се мерат зборовите и не е лошо човек да се извини, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарско прашање за дебатата помеѓу министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска на последната седница за пратенички прашања во Собранието.

– Многу пати сум рекла во Собранието да ги мериме зборовите, особено мажите треба да ги мерат зборовите, бидејќи сум не само субјект, туку објект на навреда. Ние, особено жените, треба да внимаваме кога е во прашање друга жена. И не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква, каква што требало да биде, намерата не била лоша намера. Тоа мислам дека ќе доведе до надминување на ваквите проблеми – рече претседателката.

Министерката Димитриеска Кочоска по седницата изрази жалење за целиот контекст и рече дека  никогаш намера да навреди никого.