Дуња некој ја грабнал, тврди бабата на девојчето, но потоа се уплашил и ја вратил на истото место

Даниела Ѓорѓевиќ, бабата на пронајденото девојче Дуња Марковиќ, денеска изјави дека на тоа место никогаш не се случило вакво исчезнување на дете и дека верува дека некој го зел девојчето и го вратил на местото каде што е пронајдено.

-Утрово заклучив дека детето е пронајдено толку блиску што се сомневам дека прво било однесено па донесено тука и оставено. Мислам дека се исплашиле и го вратиле детето, рекла Ѓорѓевиќ.

Таа им се заблагодари на полицијата и на луѓето за укажаната помош за што поскоро да му се помогне на девојчето. „Не можев да верувам дека ја нема, особено цела ноќ.

-Има само две години, не зборува многу, не ја ни научивме да зборува толку, изјави Ѓорѓевиќ.

Двегодишната Дуња Марковиќ, која исчезна во понеделникот во Уб, утрово е пронајдена во свесна и комуникациска состојба и пренесена на преглед во болница.

Девојчето го пронашло куче трагач од планинската спасувачка служба на оддалеченост од околу два до три километри од куќата, пренесува Танјуг.