Уште едно децениско ветување се реализира во Бутел – реконструкција на улицата „Бетовенова“

Од денес (04 март 2025 год.) започна реконструкцијата на улицата „Бетовенова“ со површина од 4000 метри квадратни и должина од 400 метри. Оваа улица е една од најважните сообраќајници во општината и не е реконстуирана повеќе децении.

Наскоро, локалната самоуправа ќе започне со изградба на спортско-рекреативниот центар „Ударници“, во близина на улицата „Бетовенова“.

Овие активности се уште една потврда на предизборните ветувања на градоначалникот Дарко Костовски и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура во општина Бутел.

Најголем мотив за посветеноста на градоначалникот е укажаната доверба од граѓаните, кои заслужуваат поквалитетни услуги од локалната самоуправа.