
Утрово, во рамки на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, оствари средба со Левенте Маѓар, државен секретар за парламентарни работи и заменик-министер во Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија.
Во фокусот на разговорите беа тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи меѓу двете земји, одличната трговска соработка, како и перспективите и предизвиците на процесот на европска интеграција.
Министерот Муцунски и државниот секретар Маѓар разговараа за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на надворешната трговија и економските можности, при што беше истакната посветеноста за продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.