Денеска ќе биде сончево и потопло

Во среда на територијата на Македонија утрото е ведро и постудено, додека во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 5 до три, додека највисоките во текот на денот соодветно се очекува да бидат во опсегот меѓу 12 и 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде  релативно топло со слаб северен ветер и температура до 18 степени.