
Поради зголемената потреба за финансирање на вооружувањето, Европската инвестициска банка (ЕИБ) има намера дополнително да ги „релаксира“ своите регулативи.
Претседателката на ЕИБ, Надја Калвињо, треба да предложи промени во критериумите за финансирање на одборот на директори, со цел да се исклучат што е можно помалку проекти од финансирање, се вели во писмото на Калвињо до земјите-членки на ЕУ, добиено вчера од ДПА.
Доколку одборот на директори се согласи, ЕИБ може да финансира и касарни, воени болници или научни воени објекти.
Тенковите, муницијата и другите чисто воени стоки, сепак, остануваат забранети.
Планираната база на германските вооружени сили или Бундесверот во Литванија, исто така, би можела да има корист од новите упатства. Владата на Литванија неодамна аплицираше за помош од ЕИБ за изградба на локална инфраструктура, што не би било можно според сегашните правила.
На ЕИБ и е дозволено, според сопствениот мандат, да инвестира во таканаречените стоки со двојна употреба. Тоа се производи кои можат да се користат и цивилно и воено, како хеликоптери или беспилотни летала. Банката веќе ги олабави своите правила во овој поглед минатата година.
Претходно вќера, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен предложи нов фонд кој би можел да мобилизира близу 800 милијарди евра (841,5 милијарди долари) за одбранбени инвестиции во Европската унија, вклучително и за воена помош за Украина.