
Соединетите држави не ја поништија својата одлука да ја прекинат помошта за Украина, и покрај помирливата изјава на Володимир Зеленски, пишува The New York Times.
Ден претходно, Зеленски на социјалната мрежа Х напиша дека жали што средбата со американскиот претседател „тргнала наопаку“ и изразил подготвеност да работи под „силното раководство“ на Трамп за постигнување мир.
Зеленски во вторникот на социјалната мрежа Х објави дека е подготвен да го потпише договорот, велејќи дека жали за средбата во Овалната соба.
„Нашиот состанок во Вашингтон во Белата куќа во петокот не помина како што требаше. Украина е подготвена да дојде на преговарачка маса што е можно поскоро за да се приближи до траен мир“, напиша Зеленски во својата објава.
Како што забележува NYT, шефот на Белата куќа очигледно реагирал позитивно на зборовите на Зеленски. „Сепак, Трамп ја потврди неговата забрана за дополнително оружје и друга важна помош за Украина“, се вели во написот.
Но, сè уште е нејасно дали изјавата на Зеленски ќе биде доволна да го убеди американскиот лидер да продолжи со помошта, пишува The Wall Street Journal.
Истовремено, британскиот весник Daily Mail, повикувајќи се на „добро информирани“, објави дека САД ѝ забралните на Велика Британија да ги споделува со Киев податоците на американската разузнавачка служба, во согласност со прекинот на американската воена помош за Украина.
Според пишувањето на весникот, забраната се однесува ма Управата за комуникации на Велика Британија, специјалната служба и разузнавачката единица во британското Министерство за одбрана.
САД сериозно ќе го контролираат доставувањето на разузнавачките информации за Украина преку нивната агенција стационирана во Киев. Според медиумските извештаи во САД американските испораки за Украина се запрени во вторник околу 14 и 30 часот според средноервопско време.
Белата куќа, како што соопшти нејзиниот портпарол, ја прекинува сета воена помош за Украина се додека американскиот претседател Доналд Трамп не заклучи дека Киев е сериозно посветен на мировните преговори.