
Кина планира да потроши 7,2 отсто повеќе пари за војската оваа година, според нацрт-буџетот претставен во средата на Националниот народен конгрес, а Пекинг исто така објави дека целта за економски раст за оваа година е повторно пет отсто.
Зголемувањето на буџетот за одбрана на 245 милијарди долари беше најавено на отворањето на конгресот во Пекинг. За истиот процент владата лани го зголеми воениот буџет. Кина, по САД, има втор најголем буџет за одбрана во светот.
Претседателот Кси Џинпинг, откако ја презеде функцијата во 2013 година, се залага за темелна модернизација на војската, со цел да се создаде војска од „светска класа“ до 2049 година, која ќе ги штити нејзините основни интереси.
Одлуката на Пекинг да ги зголеми трошоците за одбрана дојде во услови на тензии со Тајван и експанзивните и територијални претензии на Кина во Јужното Кинеско Море во водите и врз островите на кои Пенинг полага право, и е во конфронтација со регионалните американски сојузници. .
Еден од најжестоките проблеми и амбицијата на Пекинг да го поврати во својот состав Тајван, островот во Тихиот Океан, за кој смета дека е одметната покраина по загубената граѓанска војна во 1949 година.
Кси во неколку наврати јасно стави до знаење дека не сака да го одложува обединувањето на неодредено време и дека, доколку е потребно, има намера тоа да го постигне со сила. Од пред две години, кога администрацијата на демократите на Џо Бајден ги прекршија децениското статус-кво во односите со Пекинг околу Тајван и испратија политички делегации на островот предводени од највисоките функционери, Кина го зголеми воениот притисок врз Тајван со прибегнување кон обемни поморски маневри во близина на неговиот брег. Како дел од овој притисок, кинеските борбени авиони постојано навлегуваат во тајванскиот воздушен простор.
Кинеските сили, исто така, редовно се судираат со Филипините поради полагањето на територијалните води на Пекинг во Јужното Кинеско Море. Неодамнешните кинески воени вежби кои вклучуваа вежби со боева муниција во меѓународните води во близина на Австралија и Нов Зеланд предизвикаа загриженост во регионот.
На почетокот на Националниот народен конгрес, кинеската влада објави дека има намера да ја задржи целта за економски раст на околу 5 отсто трета година по ред. Со оглед на актуелните спорови на Пекинг со меѓународните трговски партнери, вклучително и САД, набљудувачите ја сметаат оваа цел амбициозна, а кога станува збор за бројките за домашната потрошувачка, тие се прилично слаби.
Додека критичарите се сомневаат во точноста на кинеските економски податоци, целта за економски раст сепак се смета за важен показател за насоката на економската политика на владата.