Гледаноста на италијанската Серија А во САД зголемена за 50 отсто

Италијанската Серија А е сè попопуларна во Соединетите држави, а бројот на гледачи кои гледаат телевизиски преноси од врвниот фудбал е зголемен за 50 отсто, објавија во средата италијанските медиуми.

Гледачите во САД можат да гледаат преноси од натпревари и емисии за италијанскиот прволигашки фудбал на платформите на мрежата CBS ТВ и на каналот FOX Deportes. Оваа сезона веќе се емитувани илјада часа програма.

За популарноста на италијанскиот фудбал значително придонесува и големата италијанска заедница во САД, која има околу 18 милиони Американци со италијанско потекло. Раководството во Серија А ја прослави својата зголемена гледаност во САД оваа седмица во Њујорк, а на настанот присуствуваа и едни од најдобрите италијански играчи од средниот ред на сите времиња, Андреа Пирло и светскиот шампион од 2006 година, Марко Матераци.

„Откако играв за Њујорк Сити, од прва рака можам да потврдам за големата страст за италијанскиот фудбал. Преносите од натпреварите во Серија А достигнаа огромна гледаност, импресивно е колку порасна популарноста на италијанскиот фудбал во САД“, рече Пирло.