
Пожар на две патнички моторни возила бил пријавен денеска кај фабриката Охис за што интервенирала единицата на Против – пожарната бригада на Град Скопје. Нема повредени.
-Во 13:20 часот добиена е дојава за настанат пожар на две возила „рено кангу“ и „БМВ“ на главниот влез пред фабриката Охис. Интервенирано е со едно против пожарно возило со тројца пожарникари. Интервенцијата е завршена во 14:10 минути. Пожарот првично е настанат кај возилото „рено“ на кое при движење му истекувало бензин од резервоар што е причина за пожарот за второто возило, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.
Тој додаде дека од пожарот настаната е материјална штета на двете возила.
Во исто време денеска имало уште две интервенции на патнички возила. Како што информира командирот на ППБ, едното било на бул. Св Кирил и Методи каде било опожарено патничко моторно возило „матиз“, а другото патничко возило било на територијата на Општина Чаир.
Денеска имало интервенција и на опожарена куќа во с. Буковиќ и на резервоари на бензинска пумпа во општина Бутел.
Интервенирале и на три опожарени контејнери за смет сопственост на ЈП Комунална хигиена, како и повеќе интервенции на отворен простор од с. Мирковци се до аеродромот кај Петровец каде исто е интервенирано на сува трева и грмушки. (МИА)