Киев може да остане без ракети „Патриот“ за неколку недели

Без нови испораки од Вашингтон, Киев би можел да остане без ракетите „Патриот“ за неколку недели, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи украински функционер.

Според телевизијата, властите во Киев во моментов немаат алтернатива за ракетите „Патриот“. Сепак, Си-Ен-Ен истакнува дека сè уште не е јасно колку проектили и останале на Украина.

Телевизискиот канал проценува дека Киев во моментот најверојатно нема повеќе од шест системи Патриот.

Претставник на Пентагон претходно за ТАСС изјави дека вооружените сили на САД го прекинале снабдувањето со воена помош за Украина. Според него, потегот се однесува на сета американска воена опрема која сè уште не стигнала до Украина, вклучително и оружје што се транспортира со авиони и бродови или што чека да биде испратено од транзитните зони во Полска.