
Во четвртокот на територијата на Македоднија утрото е ведро и постудено, а преку денот ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Утринските температури се движат од минус 5 до 3, додека највисоките дневни во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 22 Целзиусови степени.
Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 21 степен.