Трамп планира да го укине легалниот статус на украинските имигранти

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го отповика привремениот легален статус на 240.000 Украинци кои дошле во САД пред војната против Русија, изјави висок функционер на Трамп и тројца извори запознаени со ова прашање, што значи дека тие би можеле да бидат депортирани по забрзана постапка.

Одлуката се очекува во април, а на неа се работело одамна и пред фијаското на средбата меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата седмица.

Тоа е дел од пошироките напори на администрацијата на Трамп да го отповика легалниот статус на повеќе од 1,8 милиони мигранти кои влегле во Соединетите држави во рамките на хуманитарните условни програми на администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден, велат изворите на Reuters.

Од американското Министерство за домашна безбедност немале коментар, ниту Белата куќа или украинската амбасада.

Администрацијата на Трамп планира да ги прекине овие програми, кои се однесуваат и на 530.000 имигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, веќе овој месец, изјавил функционер на Трамп и извор запознаен со ова прашање.

Мигрантите би можеле да бидат депортирани по забрзана постапка, се вели во е-пошта од американската служба за имиграција и царина, во која увид имал Reuters.

Имигрантите кои илегално ја минуваат границата можат да бидат депортирани по забрзана постапка во рок од две години од влегувањето во земјата. За оние кои влегле преку легални канали, како на пример во случајот со хуманитарни програми, нема временско ограничување за нивно депортирање по забрзана постапка, по електронска пошта.

Преку овие програми во САД пристигнаа повеќе од 70.000 Авганистанци. Уште милион мигранти резервираа термин за влез на легален граничен премин преку апликацијата CBP One. Илјадници други беа подобни за помали програми, вклучително и спојување на семејството за некои луѓе од Латинска Америка и Карибите.