Мицкоски: Македонија стана дел од Единствената европска платежна област (СЕПА)

Премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук соопшти дека Македонија стана дел од Единствената европска платежна област (СЕПА – Сингле Еуро Паѕментс Ареа).

„Македонија стана дел од Единствената европска платежна област (СЕПА – Сингле Еуро Паѕментс Ареа). Тоа подразбира дека трансферот на дотациите на нашинците од дијаспората ќе биде веднаш, без застој и без дополнителни трошоци и провизии. Истото важи и за компаниите. Имплементацијата ќе започне од октомври месец оваа година.
Нека е со среќа!
Македонија е повторно ваша на граѓаните“, напиша Мицкоски!