Пендаровски арогантно дели „ум” на светски лидери, а сам себе не се гледа

Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп, напиша на Фејсбук вицепремиерот Александар Николоски, како реакција на изјавата на Пендаровски дека американскиот претседател Доналд Трамп бил „трансакциски претседател“ и актуелната македонска власт не можела „да ја купи“ страната на Трамп во спорот со Бугарија.

Објавата на Николоски во продолжение:

„Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели „ум” на светски лидери, а сам себе не се гледа.
Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикуваат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме „проруски”, „антизападни”, „антиамерикански”, за мене слушам напишале дека сум претставник на „иранско – турско – унгарско влијание” и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански.
Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!“, напиша Николоски на Фејсбук.

Според Пендаровски, ние немаме ништо што да понудиме кај таков „трансакциски претседател“ во однос на Бугарија.

„Кај трансакциски претседател ние имаме многу малку што да понудиме – зборувам за пари и ресурси. Бугарија има далеку подобра стратешка позиција од нас“, рече Пендаровски во гостување на ТВ Сител.