Карни: Канада ќе ги победи САД во трговска војна, како и во хокеј

Идниот канадски премиер и нов лидер на владејачката канадска Либерална партија, Марк Карни, изјави дека Канада ќе ги победи САД во трговската војна, како и во хокеј.

Карни, кој за неколку дена ќе положи заклетва како премиер, вети дека неговата влада ќе ги задржи царините за американскиот увоз додека, како што рече, „Американците не покажат почит“.

Тој најави дека сите приходи собрани од царините ќе бидат наменети за помош на работниците, пренесе канадскиот „CBC“.