ВМРО-ДПМНЕ: ССМ е партиски огранок на СДС, а Трендафилов претседател на општински штаб

ССМ е партиски огранок на СДС, а Трендафилов претседател на општински штаб, чекаат од партија да им кажат што да бараат, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Слободан Трендафилов е незаконски претседател на ССМ, го узурпирал местото со помош на СДС, за сега да мора да слуша и исполнува се што ќе му се каже од Бихаќка.

Првин СДС излегува со партиски соопштенија и предлози, па потоа ССМ со барања, па втор пат ССМ излегува со барања, па СДС ги поддржува. Синергија како помеѓу партиски органи.

Целта е една и единствена, креирање забуна во јавноста и осакатување на развојната политика на владата“, потенцираат од партијата.

Планот не им успеа затоа што СДС преку Сања Лукаревска призна дека се координирани со ССМ и дека одржуваат заеднички состаноци. Сите лаги им излегоа на површина, нотираат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.