
Почнувајќи од следната година, граѓаните и жителите на Белгија ќе можат да бараат да им се издаде електронска лична карта, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на министерот за внатрешни работи, Бернард Квентин.
Планирано е електронските картички да имаат иста важност како и пластичните. Издавањето електронска копија ќе биде бесплатно и незадолжително. Новите картички ќе бидат признати низ ЕУ и ќе се користат за проверка на идентитетот и електронско потпишување на документите.
Воведувањето на електронските картички е втемелено во европското законодавство и се планира да се спроведе од ноември следната година во цела ЕУ.
Европската комисија неодамна цитираше истражување на Евробарометар, според кое 63 отсто од граѓаните на ЕУ сакаат да имаат електронска лична карта.