
Најмалку четири цивили, меѓу кои и еден малолетник, се убиени во синоќешниот украински напад на украинските вооружени сили на пазарот во Великие Копани во јужната украинска Херсонска област во делот кој е по контрола на руските сили,, соопшти во понеделникот прес-службата на прорускиот гувернер на регионот ХКерсон, Владимир Салдо.
„Во Великие Копани веќе има четворица мртви. Еден од тешко ранетите почина во болницата во Скадовск“, соопштија од прес-службата. Меѓу загинатите има и 15-годишен тинејџер.
Како што соопштоја руските власти во Херсонската област која со непризнат од меѓународната заедница референдум летото 2023 година се приклучин на Руската федерација, украинските сили во ракетирањето на областа погодила и уништила возило на брзата помош.
Четири други повредени во исклучително тешка состојба се испратени со брза помош на Крим. Останатите се на лекување во болницата Скадовск, се додава во соопштението.
Салдо во неделата ноќта објави дека украинските сили го погодиле пазарот во селото Велики Копани. Според него, биле истрелани два наведувани американски проектила со среден дострел HIMARS врз продажните места. Во тој момент таму имало десетици цивили, земјоделци кои дошле на пазарот да ги продаваат денеска своите производи.