
Украина сака мир, а Русија е „единствената причина зошто војната продолжува“, изјави во рамки на новиот наратив украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на разговорите со Вашингтон што ќе се одржат во Саудиска Арабија. Така не беше во Овалната соба, а мислењето се промени по укинувањето на воената помош од САД.
-Украина се стреми кон мир уште од првата секунда на војната, а ние секогаш зборувавме дека единствената причина зошто војната продолжува е Русија, нагласи Зеленски на Телеграм.
Средбата меѓу делегациите на САД и Украина треба да се одржи утре во Саудиска Арабија