Поставени се јасни насоки за напредок во економијата, рече Мицкоски на Националниот совет за развој

Денеска се одржа третиот Национален совет за развој, на кој се разгледаа клучни прашања поврзани со долгорочниот развој на Македонија, објави премиерот Христијан Мицкоски.

-Националната развојна стратегија 2024–2044, која беше усвоена од Владата и Собранието, поставува јасни насоки за напредок во економијата, општествената стабилност, зелена транзиција и иновациите, потенцира Мицкоски.

Советот продолжува со напорите за спроведување на оваа стратегија, со акцент на соработка со меѓународната заедница и мобилизирање на ресурси за успешна имплементација, додаде во објавата.

Веќе започнатите проекти и иницијативи ќе продолжат со континуиран мониторинг и целосна транспарентност, објави премиерот Христијан Мицкоски.