Голема полициска акција против трујачите со мазут

Државата преку Бирото за јавна Безбедност испишува историја. Неофицијално денес БЈБ со останатите надлежни институции отпочнале координирана акција против компаниите и поединци инволвирани во сомнителна набавка на мазут што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.

Разоткриена е мрежа на увозници кои противзаконски испорачале некој вид горива со сомнително потекло и квалитет. Овие горива најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија што можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и почвата.

Состојбата е алармантна со степенот на загаденост, а според извештаите на повеќе институции, неколку илјади граѓани годишно го губат својот живот, а токму загаденоста се смета и како една од најголемите причини за иселувањето.
Одредени имиња инволвирани во криминалните активности често се споменуваа во минатото како заштитени бели мечки од одредени центри на моќ. Станува збор за огромна сума околу 10 милијарди денари „испумпани“ преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.

Во моментов државата испраќа јасна порака – нема толеранција за оние што го трујат народот!