
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на патот Охрид – Кичево, при што едно лице го загуби животот, а неколкумина се повредени.
Во несреќата учествувале „алфа ромео“ со охридски таблички, управувано од П.Б.(24) од Охрид и „сеат кордоба“, исто така со охридски регистарски ознаки упрваувано од Јордан С. (58) од село Годивје – Дебарца.Од здобиените повреди на лице место починал Јордан С. Со тешки телесни повреди се здобиле сопaтниците во „сеат кордобата“ И.С.(64) и С.С.(64), двајцата од Струга и З.С.(54) од Охрид, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во болницата Св.Еразмо – Охрид и по укажаната лекарска помош се задржани на понатамошно лекување. Со телесни повреди се здобиле возачот на „алфа ромеото“ и сопатникот Д.Т.(24) од Охрид, кои по укажаната лекарска помош се задржани на лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.