
Македонецот Кристијан Воденски се закити си титулата европски првак во бразилско џиу-џицу, во категоријата од 22 до 27 килограми на натпреварот „НАГА“ во Париз.
Деветгодишниот Воденски пред една недела освои сребро во лајт-контакт и бронза во семи-контакт на првенството на Германија во кик-бокс.
Иако има само девет години и иако активно учествува на натпреварувањата само две години, Кристијан Воденски има освоено 12 златни, пет сребрени и еден бронзен медал.