Трамп ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО и со премиерот на Ирска

Американскиот претседател Доналд Трамп утре во Вашингтон ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти синоќа Белата куќа.

Трамп ќе го пречека и ирскиот премиер Мајкл Мартин во главниот град на САД.