„Туарегот“ возел со огромна брзина и немало знаци на кочење

Трагична сообраќајка која вчера се случи во близина на католичката црква во центарот на Скопје ја потресе Македонија.

Средношколецот И.Б. (16) вчера го загуби животот откако беше прегазен од џип „фолксваген туарег”. Лекарите во КАРИЛ и покрај сите напори не успеаја да го спасат младиот живот.

Дваесетгодишниот Џ.М. бил зад воланот на џипот, со табличка White house и возел со огромна брзина, а на местото на трагедијата немало траги од кочење, пишува МКД.мк.

Очевидци  изјавиле дека возачот возел брзо и удрил во детето кое во моментот на поминувало улицата на пешачкиот премин.