Видео: Српската организација CANVAS прогласена за терористичка организација

Срѓа Поповиќ - Српски Канвас
Срѓа Поповиќ - Српски Канвас

На официјалниот список за терористички организации кој го објавија Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се најде една организација од Србија- Цнетарот за применување на ненасилни акции и стратегии (CANVAS).

На тој список, пренесува АПА, се наоѓаат дестина организации од Европа, а меѓу нив се муслиманскјите огранизации од Скандинавија, Белгија, Германија, Франција, Велика Британија и Италија. Листата е направена од страна на владата на ОАЕ во согласност со законот за борба против тероризмот, а објавена е, како што пренесува новинаската агенција WAN со цел транспарентност и преку подигање на свеста во општеството за овие огранизации.

Меѓу организациите кои се означени како терористички, се наоѓаат, меѓу останатите Муслиманското братство, Ал Ислах, Фатај ал Ислам, Ал Каеда, сомалискиот Харакат ал Шабад ал муџахедин, британската Кордоба фондација, нигериската Боко Харам, Хезболах, Исламско движење Узбекистан, Ал Нусра фронт од Сирија, како и други групации од Сирија, а од Европа се: Здружението на муслимани во Велика Британија, Исламската заедница во Германија, Муслиманската лига на Белгија, Здружението на муслимани на Италија, Исламското здружение на Финска, Здружението на муслиманите во Шведска, Сојузот на исламски огранизации во Франција.

На оваа листа се наоѓа и српската CANVAS, чиј лидер е Срџа Поповиќ, а која според ОАЕ е окарактеризирана како терористичка организација. CANVAS е организација која е основана во 2004 година и која има искуство во рушењето на власта на Слободан Милошевиќ, која подоцна се шири и во други земји во борбата против авторитативни режими.

Од Европа следеле остри критики за организации кои се наоѓаат на листата на ОАЕ. Претседавачот на Здружението на муслимани од Шведска, Омар Мустафа, за шведската агенција ТТ, ја критикувал листата изјавувајќи дека „смешно е еден мал режим, кој е познат по насилство и злосторства против човештвото да дефинира една организација европското цивилно општество како терористичко“.

Тој додава дека неговата организација нема никаква врска со „Муслиманското братство“, кое се наведува повеќепати на листата и верува дека неговата организација од одмазда поради постојаните критики поради апсењето на активистите за човекови права кои се ставени на спорните листи.