
Истекува времето за украинските сили кои сѐ уште се обидуваат да пружат отпор во руската област Курск и да се пробијат кон украинската територија, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесуваат агенциите.
„Понудата да се поштедат животите на украинските војници сѐ уште е на масата“, истакна Песков за руската државна новинска агенција ТАСС, но порача дека „таа нема да трае вечно“.
Американскиот претседател Доналд Трамп апелираше до својот руски колега Владимир Путин да ги поштеди животите на украинските војници за кои се верува дека се опколени во Курск.
Путин изјави дека ги уважува барањата на Трамп за поштедување на животите на Украинците од „хуманитарни причини“, но побара водството во Киев да им нареди на своите војници во регионот Курск да го положат оружјето и да се предадат за да немаат подоцна реперкусии од украинските власти.
Руското Министерство за одбрана во саботата објави дека руските сили ја вратиле контролата врз уште две села Рубаншчина и Заолешенко во областа Курск во близина на границата со украинската област Суми, пренесува Reuters.
Од почетокот на минатонеделната операција на чистење на регионот Курск од остатоците на украинските единици ослободи повеќе од 40 населени места, вклучително и гратчето Суџа кое беше центарот на украинскиот неочекуван упад на руска територија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски индиректно призна дека армијата „ќе мора да се повлече“ од регионот.
„Ситуацијата е многу тешка. Можам само да им се заблагодарам на нашите борци за оваа операција, која ја исполни својата задача“, им рече Зеленски на новинарите.
Украина и нејзините западни сојузници и планери во војната се обидоа да ја префрлат војната на руска тероторија со ненадеен напад во август минатата година. Првичното оправдување за овој потегот кој беше проблематизиран од многу независни воени аналитичар, беше наводната можност за размена на дел од регионот за окупирани украински територии во случај на преговори со Русија.
Истовремено, во воените планери се надеваа дека руската војска ќе ги повлече кон Курск нејзините единици од југоисточна Украина каде остварија големи напредувања заземајќи неколку стратишки позиции на украинската армија кои отвораат можности за продор кон централна и западна Украина.
Според руското Министерство за одбрана, чии податоци Киев ги негира и неможат да се проверат од независни извори, во Курската операција украинските вооружени сили изгубиле Украинските вооружени сили загубиле повеќе од 68.000 луѓе и над 7.000 единици воена опрема, од своите најдобро обучени и најсовремено опремени единици.