
Претседателот Доналд Трамп во петокот потпиша извршен указ за темелна ревизија на матичната организација на државниот пропагандистички медиум Voice of America (Гласот на Америка) користен специјално во периодот на идеолошката Студена војна минатиот век како и подоцна, како и за шест други федерални агенции, што е најнов напор на администрацијата на републиканецот за намалување на бирократијата.
Со указот им се наложува на агенциите – главно помалку познати институции, вклучително и онаа што финансира музеи и библиотеки и друга што се занимава со бездомништвото – да го намалат своето работење до минималниот степен дозволен со законот.
„Овој указ го продолжува намалувањето на делови од федералната бирократија за кои претседателот утврди дека се непотребни“, се вели во указот, објавен доцна во петокот.
Трамп, кој се судри со Гласот на Америка (VOA) за време на неговиот прв мандат, го назначи поранешниот телевизиски водител Кари Лејк за директор на организацијата за време на неговиот мандат. Лејк, неговиот верен сојузник, често ги обвинуваше главните медиуми за пристрасност против Трамп.
Гласот на Америка, глобален медиум основна 1942 година кој емитува содржини онлајн, преку радио и телевизија и на 49 јазици, е надгледуван од Американската агенција за глобални медиуми. Оваа агенција ги финансира и Радио Слободна Европа/Радио Либерти, која беше насочена особено во уривањето на комунистичките системи во источна Евопа и тогшаниот СССР, и Радио Слободна Азија.
Покрај Глобалната агенција за медиуми, наредбата на Трамп ги таргетира и Федералната служба за посредување и помирување, Меѓународниот центар за научници Вудро Вилсон, Институтот за музејска и библиотечна служба, Американскиот меѓуагенциски совет за бездомници, Фондот за финансии за развој на заедницата и Агенцијата за развој на малцинствата.
Во наредбата се наведува дека овие агенции мора да престанат со сите активности кои не се изрично пропишани со закон и „да го намалат извршувањето на нивните законски должности и бројот на персоналот на минималното присуство и функција што се бара со закон“.
Наведените мерки се спроведуваат како дел од планот на Трамп за преобликување на федералниот апарат и намалување на трошоците за неговото издржување, чија имплементација во голема мера им ја препушти на милијардерот Илон Маск и на неговиот Оддел за владина ефикасност (DOGE). Досега, DOGE предложи можно укинување на над 100.000 работни места од 2,3 милиони во федералната влада, замрзнување на странската помош и откажување илјадници програми и договори.
Некои републиканци го обвинуваат Гласот на Америка и другите јавно финансирани медиуми за пристрасност против конзервативците.
Минатиот месец Маск ја повика својата платформа Х да ги затвори Гласот на Америка и Радио Слободна Европа.