Зеленски тврди дека украинските трупи не се опколени во Курск и на трупање сили на руската армија

Украинските трупи сè уште се бранат од руските и севернокорејските сили во руксиот регион Курск, но се соочуваат со потенцијален нов напад врз североисточниот украински регион Суми, изјави во саботата украинскиот претседател Володимир Зеленски без да посочи никаков доказ за своите тврдења.

Русија наскоро би можела да ги истисне и преостанатите украински сили од нивното повеќемесечно упориште во западниот руски регион, поради што американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека илјадници војници се „целосно опколени“.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека во принцип го поддржува предлогот на Трамп за 30-дневен прекин на огнот со Украина, но дека ќе борбите нема да стивнат сѐ додека не се разјаснат неколку клучни услови. Исто така, Путин во петокот ноќта објави дека ги прифатил апелот на Трамп да ги поштеди животите на украинските војници преостанати во Курс, но како што потвврди во саботата и Кремљ за тоа е неопходно Киев да им нареди да го положат оружјето, за потоа да не бидат гонети од украинските власти.

Откако добил извештај од највисокиот украински генерал на теренот, Зеленски на социјалните мрежи напиша дека воените сили на Киев не се опколени во регионот Курск, туку дека Москва ги собира силите во близина за да изврши втор, посебен напад.

„Ова укажува на нивната намера да го нападнат украинскиот регион Суми. Свесни сме за тоа и ќе се спротивставиме. Би сакал сите партнери да разберат што точно планира Путин, на што е подготвен и што ќе игнорира“, напиша тој.

Меѓутоа, руските сили во украинскиот пограничен регион Суми продреа уште пред десет дена, што е прва нивна таква операција од почетокот на руската инвазија во Украина во февраури 2022 година.

„Зголемувањето на руските сили покажува дека Москва има намера да продолжи да ја игнорира дипломатијата“, додаде Зеленски, тврдејќи дека „јасно е дека Русија го продолжува воениот конфликт“.

Украинскиот претседател, исто така, тврдеше дека борбите во близина на стратешки важниот град Покровск во источна Украина се „стабилизирале“ и дека Украина „успешно употребила нова домашно произведена ракета со долг дострел во војната“.