
Најмалку 50 мртви и стотици повредени има во голем пожар што се случил ноќеска на концерт на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани.
Првичните неофицијални информации се дека огнот избувнал од пиротехнички средства во околу 03 часот по полноќ.
Засега нема информација за тоа колку точно посетители имало во дискотеката.
Како што информираат за НетПрес очевидци, околу 2,30 часот во текот на настапот на ДНК започнал чуден тропот, и наеднаш запрела музиката.
„Знаев дека нешто чудно се случува, почнаа викотници… спасував што може да се спасува“, вели очевидец.
Според неговиот впечаток, дали од развиената топлина по избувнувањето на пожарот или од друга причина се затворила вратата и посетителите, претежно малолетници, не можеле да излезат.
„Жално, дали уште еден викенд ќе работеше дискотеката, и вака работеше само во сабота… Ваква трагедија не памтам дека се случила во регионов“, ни рече соговорникот.