
Според неофицијални информации до кои дојде екипата на 24Инфо, Андреј од групата ДНК се наоѓа во болницата во Штип.
На социјалните мрежи се појави слика на која стои сите масовно да се мобилизираме да се најде пејачот Андреј. Другиот член на ДНК, Панчо се наоѓа на скопските клиники.
Според последните информации кои ги преснесе Јадранка Николовска, сестрата на Владимир Блажев, попознат како Панчо – еден од двајцата членови на дуото ДНК, тој во моментов се наоѓа на една од клиниките во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Таа во изјва за ТВ Канал 5 рече дека има само малку информации кои и ги пренела сопругата на нејзиниот брат, и засега немала можност да го види. Колку што и самата знае, Панчо имал изгореници на лицето и раката, но не знае во колкав обем и од кој степен и вдишал чад при пожарот, па се наоѓа и на кислородна поддршка.
Дел до другите членови на бендот се во болница, дел на домашно лекување. Според информациите кои ги имаат досега, музичарите се однесени во болница, дел во Скопје, дел во Штип.
Еден од членовите на бендот е на домашно лекување во Скопје. Откако се случил пожарот, бил однесен во болницата во Кочани, каде што примил инјекција со кортикостероид, а потоа пријатели со автомобил го однеле дома во Скопје.
Од тимот на ДНК велат дека уште чекаат официјални информации за здравствената состојба на музичарите.
Во текот на нивниот настап во дискотеката „Пулс“ во Кочани околу 2,30 часто по полноќ кон саботата избувна пожар во кој според официјалните досегашни податоци животот го загубија 51 лице, претежно тинејџери, а уште околу 120 се хоспитализирани со различни степени на повреди.