
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска при објавата на нови детали околу страшната трагедија во дискотеката во Кочани „Пулс“, изјави дека чувствува морална одговност за оваа трагедија, и дека тоа треба да го чувствуваат сите кои биле на функција треба да го чувствуваат истото.
„Чувствувам морална одговроност, и мислам дека секој кој што бил барем два дена на функција, треба да чувствува морална одговорност за ова што се случи“, рече Тошковски.
Ваква одговорност, никогаш не изрази неговиот претходник Спасовски, кому му се „случи“ Ласкарци како и дузина други афери, Бочварски со Бугарската трагедија со Беса транс и нелиценцираниот автобус, модуларната болница во Тетово на Филипче, онкологија и редица други немили настани за кои никој никогаш не изрази морална одговорност.
За морална одговорност, треба да имаш и морал, коментираат за горенаведените тројца по социјалните мрежи…