Минчев: Ова не е само трагичен настан – ова е повик за будност, одговорност и правда

„Со длабока тага ја примивме веста за трагедијата во Кочани, која одзеде млади животи и остави неизмерна болка.

Ова не е само трагичен настан – ова е повик за будност, одговорност и правда“, соопшти Горан Минчев, Министер за јавна администрација.

„Нема зборови што можат да ја ублажат тагата на семејствата, но мора да има одговори и постапки што ќе спречат вакво нешто да се повтори.
Секој што потфрлил во својата должност мора да сноси одговорност.

Во овој тежок момент, изразуваме искрено сочувство до семејствата и блиските на загинатите, додека на сите повредени им посакуваме брзо закрепнување“, потенцира во соопштението.

Нека почиваат во мир, стои во соопштението на Горан Минчев, Министер за јавна администрација.