
Дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена во времето на министерот Крешник Бектеши од ДУИ, иако не ги исполнувала условите за работа и претходно, во неколку анврати била одбивана за таков тип на дозвола.
На лиценцата е потпишана Размена Чекиќ Дуровиќ од СДСМ, тогашен државен секретар во министерството за економија на Крешник Бектеши.
Бектеши станува министер за економија во Владата на Зоран Заев во 2017-та година, беше близок и со неговиот наследник Ковачевски.
Деца од 14 години, многу млади, член на бендот ДНК… Вкупно 59 лица загинаа во страотниот пожар што ноќта меѓу саботата и неделата избувна во дискотеката Пулс во Кочани.