
Денеска во Кочани голема болка и тага, но и револт поради страшната трагедија во која згаснаа животите на 59 млади луѓе, а голем број се во критична состојба во повеќе болници надвор од Македонија.
Откако голем број граѓани излегоа на мирен протестен марш на градскиот плоштад, барајќи одговорност за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, дел од нив потоа се упатија кон општинската зграда, ја каменуваа и сакаа да влезат внатре, но беа спречени од полицијата. Тие бараа да излезе градоначалникот Љупчо Папазов.
Гневни и беспомошни во ситуацијата, граѓаните дојдоа и во кафулето „Класик“ кое е во сопственост на газдата на дискотека „Пулс“ и целосно го демолираа.
Од Фејсбук:
ДЕМОЛИРАН кафичот Класик во Кочани, во сопственост на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на “Пулс” pic.twitter.com/qsWLppySKh— Bulutin (@Owllium) March 17, 2025
Градоначалникот Љупчо Папазов, вчера не излезе на местото на трагедијата, ниту изрази сочуство за трагедијата, а утрово на својот фејсбук профил напиша дека поднесува оставка. Денеска, дел од граѓаните што протестираа, се упатија и кон домот на Папазов.