
Русија планира да произведе најмалку 60.000 тони литиум карбонат до 2030 година, објави во понеделникот Министерството за природни ресурси, што сигнализира забрзана подготовка на теренот за експлоатација на суровина „од стратешко значење“ за руската економија, пишува Reuters цитирајќи руски медиуми.
Литиумот и другите критичните минерали, вклучително и металите од ретки земји, привлекоа глобално внимание последниве месеци, откако американскиот претседател Доналд Трамп во напорите да ѝ се спротистави на доминацијата на Кина во овој сектор се обидува да ги наплати стотиците милијарди американската помош на Украина со експлоатација на нејзините ресурси, како и постигнување договори со Русија.
И покрај големите резерви од литиум, Русија досега се потпираше на увозот сè додека тој не беше нарушен од западните санкции наметнати поради војната во Украина, што ја натера Москва да продолжи да ги развива сопствените депозити.
„Сè уште не ископуваме литиум. А како можеме да се развиеме без него? Сепак, можеме да го направиме и тоа. И можевме да го направиме тоа пред 10 или 15 години“, рече Путин на конференцијата за напредни технологии во Москва кон крајот на .
По изјавата на Путин, руското Министерство за природни ресурси објави дека во 2023 година Русија ископала 27 тони литиум како нуспроизвод од наоѓалиштето на смарагд на планините Урал.
Литиумот, метал од суштинско значење за производство на електрични возила, е вклучен на списокот од 50 минерали кои USGS ги смета за критично важни. Според податоците, Русија поседува 3,5 милиони тони резерви на литиум оксид.
Американскиот Геолошки институт (USGS), пак, ги процени резервите на литиум во Русија на околу милион тони во 2024 година, 14-ти по големина во светот. Литиум оксид содржи околу една третина од чист литиум, а литиум карбонат содржи околу 20 отсто од чист литиум.
„Индустриското производство на литиум во земјава ќе започне во 2030 година“, соопшти руското Министерство.
Побарувачката за литиум се зголеми последниве години бидејќи руските компании работат на масовно производство на литиумски батерии и електрични возила.
„Земјата традиционално увезува литиум и сега е клучно брзо да се ангажираат капацитети и да се зголеми екстракцијата и преработката на овој стратешки важен ресурс за економијата“, додаде Министерството.
Министерството соопшти дека издало лиценци за истражување за три главни наоѓалишта на литиум: Колмозерское и Полмостоундровскоје во областа Мурманск во северозападна Русија и Тастигскоје во областа Тува, која граничи со Монголија. Сите три наоѓалишта и нивните соседни производствени погони се очекува да профункционираат до 2030 година, соопшти Министерството. Во 2023 година, Русија ископала само 27 тони литиум како нуспроизвод на наоѓалиште на смарагд на планините Урал.
Колмозерское, кој содржи една четвртина од познатите руски резерви на литиум, го експлоатира „Polar Lithium“, заедничко вложување меѓу рускиот метален гигант „Норникел“ и државната компанија за нуклеарна енергија „Росатом“.
Приватната фирма „Arctic Lithium“, пак, има лиценца за Полмостоундровскоје, додека „Elbrusmetall-Lithium“, подружница на државниот одбранбен и индустриски конгломерат „Ростек“, има лиценца за наоѓалиштето Тастигскоје.
Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека неговата земја треба да ги забрза плановите за ископување на наоѓалиштата на литиум, метал кој е клучен за производство на електрични батерии со висок капацитет и други клучни минерали.