
Во вторникот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.).
Претпладне претежно во западните и југозападните делови од земјата ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка. Попладне облачноста ќе се намали.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег.
Утринските температури се движат во опсегот меѓу минус 6 и 5, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од минус 2 до 10 Целзиусови степени.