
По добиената документација од страна на група пензионери-оштетени од Здружението на пензионери Ѓорче Петров-Скопје (ЗП-ЃП), а во врска незаконското работење и не’ примена на Статутот на ова Здружение од Претседателот на Извршниот одбор, Митко Стојаноски, каде што оштетените истакнуваат дека „во општината Ѓорче Петров делуваат над 8.400 пензионери, распоредени во седум ограноци“.
Зошто оштетените пензионери поднеле Кривичната пријава до ОЈО?
Подносителите, како што наведуваат во документацијата-оштетени, поднеле Кривична пријава до Основното јавно обвинителство-Скопје, заведена на 28 ноември 2024 година, против: Станка Трајкова, Претседател на Сојузот на здружението на пензионери на Република Македонија (СЗПРМ) и Митко Стојаноски, претседател на Извршниот одбор на Здружението на пензионери Ѓорче Петров-Скопје (ЗП-ЃП). Затоа што како што наведуваат: Поради основано сомнение за Злоупотреба на службена положба и овластување казниво по член 353 од КЗ, како и за Измама од член 247 од КЗ во врска со член 22 од КЗ.
Што наведуваат во нивниот опис на делото?
„На ден 28.02.2023 година е одржана конститутивна седница на Собранието при Здружението на пензионери Ѓорче Петров-Скопје, при што е извршено незаконско спроведување на изборите на начин што второпријавениот Митко Стојаноски во својство на службено лице-претседател на Извршниот одбор и овластено лице на Здружението на пензионери Ѓорче Петров ја предложил првопријавената Станка Трајкова за делегат, а подоцна и за претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија, и истата е избрана за предложените позиции.
Во што е проблемот?
Имено, при изборот на делегат и претседател на Сојузот на здружението на пензионери на Република Македонија е наведено дека првопријавената Станка Трајкова е жител на општина Ѓорче Петров, иако всушност била жител на општина Кисела Вода, кој услов намерно и со умисла го криеле пријавените, а се со цел да прибавуваат континуиран противправен статус, а посредно и имотна корист, на штета на подносителите на оштетените на Кривичната пријава, а во спротивност на членовите 46 и 47 на Статутот на Здружението на пензионери Ѓорче Петров-Скопје, каде што стриктно е наведено дека членовите на Здружението во разграноците на здружението се организираат на територијален принцип на здружување, а Собирот го сочинуваат членовите на подрачјето на кое е основан разгранокот, а тоа значи подрачјето на општина Ѓорче Петров, па член неможе да биде жител на друга општина надвор од оваа територија.
Поконкретно, именуваната претседателка на здружението на пензионери на Република Македонија, Станка Трајкова била предложена на изборите од рагранокот „Даме Груев“, при Здружението пензионери на Ѓорче Петров од претседателот на Извршниот одбор Митко Стојаноски, со напомена дека живее на адреса во Ѓорче Петров ( а, напротив таа живее со адреса на живеење на ул.Народни Херои бр.23/3-16 општина Кисела Вода).
Во неколку наврати од страна на членовите од Здружението на пензионери Ѓорче Петров е побарано доставување на лична карта со која што би била утврдена адресата на живеење на првопријавената Станка Трајкова, но именованата секој пат избегнувала да ја покаже под оправдување дека и е во процес на изработка.
Оштетените пензионери од ЗПЃП доставуваат
Доказ:
Извод на тековна состојба од Централниот регистар за СЗПМ (од 18.12.2024г.) и Записник од надворешна контрола од Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, даночен инспекторат број 2818/011240-1538/1 од 21/11/2024г… овластено лице/управител Трајкова Мицко Станка со адреса ул.Народни Херои бр.23-3/16 Скопје-Кисела Вода-претседател.
Второпријавениот Митко Стојаноски, иако ги знаел овие факти, првопријавената Станка Трајкова ја предложил како делегат при Собранието на Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија, а подоцна ја предложил и за претседател на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија и активно учествувал во изборот на првопријавената Станка Трајкова и во нејзиното вршење на функцијата при горенаведените дејствија.
Злоупотреба на службената положба на Станка Трајкова и Митко Стојаноски и нивна неетичност
Со злоупотребата на службената положба и овластувања и нивната неетичност, а во рамките на недавањето точни податоци за местото на живеење на првопријавената Станка Трајкова. Таа освен избраната функција, се здобила со цела низа на други функции, што е спротивно со член 13 став 4 од Статутот на здружението на пензионери Ѓорче Петров, каде што е наведено дека: „избраните членови во органите и телата можат да извршуваат само една функција, во органите и телата на Здружението, во Сојузот на здруженија на пензионери на град Скопје и во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, со цел да се избегне кумулација на функции. Исто така, и со член 14 став 1 од Статутот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е наведено дека: „избраните претставници во органите на Сојузот извршуваат само една функција“.
Колку функции извршува Станка Трајкова претседател на здружението на пензионери во Република Македонија?
Спротивно на член 14 став 1 од Статутот на здруженијата на пензионери и Сојузот на здруженија пензионери на Република Македонија, претседателката Станка Трајкова е избрана на повеќе функции и тоа:
- делегат на Собранието на здружението на пензионерите на Република Македонија;
- претседател на сојузот на пензионери на Република Македонија;
- член на управниот одбор на ПИОМ кој по сила на закон на член 156 став 2 алинеја 5 од Законот за пензиско и здравствено осигурување, е преставник на Сојузот на пензионери;
- Член на комисија за меѓународна соработка;
- издавачки совети и друго.
Второпријавениот Митко Стојаноски од своја страна пак е:
- избран за претседател на Извршниот одбор на Здружението на пензионери Ѓорче Петров;
- делегат во Собранието на пензионерите на Република Македонија;
- член на Извршниот одбор на Сојузот на пензионерите на Република Македонија;
Што е во спротивност со член 13 став 4 и член 14 став 1 од Статутот на здружение на пензионери Ѓорче Петров.
Што сметаат оштетените пензионери од ЗПЃП?
Од горенаведената документација – оштетените пензионери, сметаат дека се исполнети сите елементи со кои се утврдува дека кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластување казниво по член 353 од КЗ на РМ вв со член 22 од КЗ на РМ со тоа што извршителите на кривично дело ги довеле во заблуда држејќи ги во заблуда членовите на Здружението на пензионери Ѓорче Петров, со лажно прикажување и прикривање на факти ја злоупотребиле својата службена положба (и неетичност) и ја искористиле состојбата на заблуда кон оштетените со што прибавиле за себе привилигиран статус, а со своите функции и противправна корист. Првопријавената Станка Трајкова, премолчувала и попречувала да се осознаат фактите поврзани со нејзината адреса на живеење со што презема измамничко дејствие со умисла и чиста свест, а со цел прибавување на противправен статус, а со назначување на повеќе функции и противправна корист…“.
Кои финансиски привилегии ги има/ла претседателот на пензионери на Република Македонија, Станка Трајкова и други
Доказите кои ги доставија оштетените пензионери од Здруженитео на пензионери Ѓорче Петров, истакнуваат: „…Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување единствени критериуми за материјално финансиско работење на здруженијата на пензионери и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија… Претседателот на Сојузот на пензионери на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, прима месечен надомест на парични средства во висина од 16.000,00 денари (наведено во член 3 на Одлуката), како член на Управен одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Македонија – 10.000,00 денари, како и дневници по 1.500 денари (чл.4 од Одлуката) по разни основи (присуство на седници на разни основи).
Претседателот на Извршниот одбор на здружението на пензионери Ѓорче Петров, Митко Стојаноски, кој прима месечен надоместок на парични стрества во висина од 12.000 денари (согласно чл.3 од Одлуката), како член на Собрание и член на Извршниот одбор на СЗПМ прима надоместок за секоја редовна седница по 1.500 денари (чл.3 од наведената Одлука), разни дневници, и за надоместоци за присуство на покани на седници и други разни здруженија.
Неспоивост се следните функции на именуваните во СЗПМ и ЗП Ѓорче Петров, согласно Статутите на здруженијата на пензионерите
Претседателот на СЗПМ, Станка Трајкова има повеќе функции и тоа: избрана е за делегат од Собранието на ЗПЃП во Собранието на здружението на пензионерите на Република Македонија, претседател на Сојузот на пензионери на Република Македонија, член на Управниот одбор на ПИОМ кој по сила на закон на член 156 став 2 алинеја 5 од Законот за пензиско и здравствено осигурување, е преставник на Сојузот на пензионери, член на Комисија за меѓународна соработка, Издавачки совет. Тоа е спротивно на член 13 став 4 од Статутот на ЗПЃП и член 14 став 1 од Статутот на СЗПМ, каде што избраните преставници во органите на Сојузот извршуваат само една функција.
Второпријавениот Митко Стојаноски од своја страна пак е: претседател на Извршниот одбор на Здружението на пензионери Ѓорче Петров, член во Собранието на пензионерите на Република Македонија, како и член на Извршниот одбор на Сојузот на пензионерите на Република Македонија. Што преставува апсурдно на кумулации на функции, спротивно на член 13 став 4 од Статутот на ЗП, исто така и член и на Собранието на Здружението на пензионери на град Скопје.
На крај останува; Надлежните органи – Државниот завод за ревизија (ДЗР) по службена должност да изврши ревизија во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, како и на Здружението на пензионери на Ѓорче Петров, за нивната финансиска работа согласно Законската регулатива и предвидените нивни Статути на делување и работење.
Додека Основното јавно обвинителство-Скопје ја активира поднесената Кривична Пријава доставена на 28 ноември 2024 година, и се проверат сите наводи за свесна службена злоупотреба и неетичност на потег се надлежните институции!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес